Рашиди: Алијанса за Албанците продолжува да дејствува како опозиција
Алијанса за Албанците продолжува да дејствува како опозиција. Во партијата не е разговарано за можно влегување во Влада, ако било што се добие како понуда, мора органите на партијата да расправаат и да го разгледаат. Се додека нема такво нешто чисто е шпекулација, рече денеска на прес-конференција во Собранието, пратеникот од Алијанса за Албанците Сурија Рашиди.
Прашан дали АА би влегле во Владата, Рашиди, рече дека тој такви информации нема и тоа што може да го каже во овој момент е дека тоа се само шпекулации.
– Алијансата за Албанците продолжува да дејствува како опозиција. Во моментот сме ангажирани на структурирање на партијата секаде каде што живеат наши гласачи. Тоа е најбитно засега, изјави Рашиди.
Тој на прес-конференцијата обвини дека „вицепремиерот Артан Груби и директорот на Јајното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми го дале тендерот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 на Конзорциумот ИГХ од Загреб, во сопственост на руски олигарси блиски до Владимир Путин и руската ФСБ, но договорот за среќа пропаднал бидејќи Институтот ИГХ не ја депонирал навреме банкарската гаранција предвидено во договорот“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа