Рама за нападот на Курти во Собрание: Срамота, тоа е на штета на Косово

 

 

Албанскиот премиер Еди Рама денеска го оцени инцидентот во приштинскиот парламент како срам кој ѝ штети на Приштина на меѓународен план.

„Несогласувањето со премиерот е демократско, вака да го изразите своето противење значи да се оцрните себеси, вашите гласачи и целата земја со срам, што денес му штети на Косово на меѓународен план, повеќе од кој било политички став што му се спротивставува на премиерот!“, напиша Рама на Твитер.

Замислете колку се чувствуваат незаменливи сојузниците и пријателите на Приштина и Албанците, кога гледаат како Албанците се фаќаат за гуша, каде треба да се бориме со идеи и зборови, а не со навреди и тупаници. Навистина сакам опозицијата да се огради од ова срамно однесување и да му служи на Косово со сила на пример, а не со пример на сила!“, посочи албанскиот премиер.

За време на денешното обраќање на косовскиот премиер Албин Курти во косовското Собрание дојде до тепачка меѓу пратениците која изби откако еден од пратениците го поли Курти со вода.

Како што пренесува „Приштина Телеграф“, пратениците од опозицијата цело време го навредувале Курти нарекувајќи го „олош“, а во еден момент и пратеничката на Демократската партија на Косово, Мергим Љуштаку фрлила вода кон Курти. Потоа дошло до физички конфликт меѓу министрите во владата во Приштина и членовите на опозицијата.

На видеото може да се види гужва и тепачка, како и безбедносни лица кои брзо го извлекоа Курти надвор од салата.

Ова не е првпат да има инцидент во собранието во Приштина, бидејќи пратениците на Самоопределување на Курти, додека беа во опозиција, неколку пати фрлаа солзавец и јајца кон претставниците на тогашната владејачка коалиција, бидејќи беа против предлог-законите кои се на дневен ред.

13.07.2023 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега