Рама: Ослободувањето на специјалците на косовската полиција го отвора патот за деескалација и дијалог
Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека ослободувањето на тројца членови од притворот на косовската специјална полиција е добра вест бидејќи го отвора патот за деескалација и дијалог. Рама на својот твитер-профил изјави дека одлуката на Србија да ги ослободи тројцата т.н. специјалци доцни, но дека става крај на, како што тврди, „произволното лишување од слобода за трите лица, кои не сториле никакво кривично дело“.
„Враќањето на косовските полицајци во нивните домови е задоцнета вест, но сепак многу добра затоа што, прво, става крај на произволното лишување од слобода за трите лица, кои не сториле никакво кривично дело и, второ, го отвора патот за деескалација и дијалог. Драго ми е што силата го победи разумот“, напиша Рама.
Тој изрази надеж дека Белград и Приштина сега може да почнат со долгоочекуваната деескалација и дека сега може да се отплеткаат јазлите на конечниот процес на нормализација меѓу Косово и Србија.
Претходно денеска, судот во Кралево го потврди обвинението против тројца членови на т.н. косовска специјална полиција, кои беа уапсени длабоко во територијата на Србија на 14 јуни и дека ќе се бранат од слобода.
Со ова им се укинува притворот на обвинетите, се вели во соопштението на Вишиот суд во Кралево, пренесува „Танјуг“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа