Радман: Хрватска формира воен камп на Косово

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман изјави денеска во Приштина дека Хрватска го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и се спротивставува на каква било промена на границите во Источна Европа и најави дека неговата земја ќе формира воен камп на Косово, заради поголема безбедност.

„Ние го поддржуваме билатералниот дијалог меѓу Косово и Србија и се надеваме дека ќе се најде решение“, рече Гордан Грлиќ Радман на заедничката прес-конференција со косовскaта министерка Доника Грвал, додавајќи дека тој исто така поддржува укинување на визите за ЕУ ​​за жителите на Косово.

„Одлучивме да формираме воен камп на Косово што ќе придонесе за стабилност. Хрватска неодамна одлучи да го зголеми својот воен контингент во рамките на мировната операција на НАТО на Косово – КФОР, а операцијата на КФОР е од особено значење за Хрватска, бидејќи е во нашето непосредно соседство што може да има посебни импликации врз стабилноста на целиот регион “, рече Радман.

Според РТС, Радман додаде дека „Хрватска и Косово се традиционално две пријателски земји кои имаат многу добри односи“, потсети дека Хрватска е меѓу првите што ја призна еднострано прогласената независност на Косово и најави дека Хрватска ќе донира 10.000 вакцини против коронавирус на Косово.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2021 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега