Проверете си го договорот за кредит: Доаѓаат повисоки каматни стапки

 

Нов удар за џебот на граѓаните. По повисоките цени на енергенсите и храната деновиве ги очекува и поскапување на кредитите како на новите така и на веќе земените, откако Народната банка ја зголеми основната каматна стапка од 1,25 на 1,50 отсто. За оваа каматна стапка, пак , се врзани најголем дел од каматите на кредитите во земјава. Кредитите ќе поскапат и за компаниите.

 

Кога ќе почнат да важат новите каматни стапки во банките ќе зависи од нивната деловна политика, но главно сите банки ќе ја следат Народната банка.

 

За експертите ова е очекуван потег на централната банка кој нема драстично да ја зголеми цената на парите, но ќе се одрази кај кредитите на граѓаните кои во најголем број се со променлива каматна стапка.

 

Граѓаните, како што велат, и не очекуваат нешто добро да им се случи, откако почна бранот на поскапување.

 

Професорот Зоран Ивановски вели дека овој очекувам потег на централната банка, нема драстично да ја зголеми цената на парите, но ќе се одрази кај кредитите на граѓаните кои во најголем број се со променлива каматна стапка.

 

– Еден од основните инструменти за обезбедување ценовна стабилност во услови на висока инфлација кој го има на располагање централната банка е корекцијата на каматата на благајничките записи. И затоа очекувано беше што Народната банка го искористи овој инструмент за да покаже дека е подготвена, пред сè психолошки, да реагира и да ја пресретне инфлацијата која кај нас главно е создадена од страна на понудата. Благото зголемување на каматната стапка на благајничките записи од 0,25 отсто, нема драстично да влијае на цената на парите, но ќе влијае на поскапување на кредитите кои кај нас главно се со променлива каматна стапка врзана за основната која ја одредува Народната банка – вели Ивановски, пренесува Плусинфо.

Реакцијата на Народната банка дојде како одговор на растечката стапка на инфлацијата која во март се искачи на 8,8 отсто. Централната банка образложи дека мерката е превентивен одговор на растечките инфлациски очекувања, во услови на задржани оцени за отсуство на поизразени притисоци од домашната побарувачка и присутни надолни ризици за неа во следниот период.

 

 

 

15.04.2022 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега