Протестите во Мјанмар се побрутални: Најмалку 9 загинати и многу - полицијата отвори оган на демонстрантите (ВИДЕО)

Најмалку девет демонстранти загинаа, а неколкумина беа повредени кога полицијата отвори оган кон нив обидувајќи се да го растури протестот против воениот удар во неколку градови во Мјанмар.

Еден демонстрант бил убиен за време на конфликтот во Јангон, исто како и во Мингјин, додека неколкумина биле ранети, објавија очевидци и медиуми.

Уште две лица беа убиени во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, пренесува Ројтерс.

Локалниот весник „Монива Газета“ објави дека пет лица биле убиени во градот Монива кога полицијата отворила оган.

Најмалку 24 лица се убиени во судирите од воениот удар на 1 февруари досега. Уапсени се околу 300 демонстранти.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега