Продолжен притворот на таткото на момчето што го изврши масакрот во „Рибникар“
На В.К., таткото на момчето кое е осомничено за масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“, Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот кој вообичаено е во времетраење од 30 дена.
На обвинетиот му е продолжен притворот од законски причини пропишани со одредбите од Законот за кривичната постапка, односно поради постоење посебни околности што укажуваат дека обвинетиот во случај да биде пуштен на слобода ќе го повтори кривичното дело во краток временски рок, како и со оглед дека обвинетиот е основано осомнилен дека сторил кривично дело за кое е пропишана казна затвор над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност во јавноста кои би можеле да го загрозат непреченото и правично водење на кривичната постапка, пренесуваат медиумите во Србија.
Обвинетиот В.К се товари за тешко кривично дело против општата сигурност.
Против наведеното решение е дозволена жалба до кривичниот совет на Вишиот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа