Приведени тројца скопјани – во автомобилот пронајдени дрога и вага

Тројца скопјани се приведени откако во нивниот автомобил биле пронајдени дрога и вага.

-Вчера околу 19.30 часот на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода М.Л.(20), Х.Н.(18) и О.М.(21), сите од Скопје. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале лицата, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и дигитална вага со остатоци од амфетамин, велат од МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава за „неовластено производство и пуштање во промет
на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

31.07.2021 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега