Приведени шест Чеси: Неовластено снимале со дрон кај браната во Липково
Вчера во 16,30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода шест државјани на Република Чешка на возраст од 30 до 40 години.
Тие биле затекнати кај браната во општина Липково како неовластено снимаат со дрон.
Сите биле приведени во полициска станица, известен е надлежен ЈО, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
19.07.2025 - 14:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа