Приведена новинарка под обвинение дека го навредила Ердоган, ѝ се заканува затвор

Турскиот суд ѝ одреди притвор на познатата новинарка Седеф Кабас под обвинение дела го навредила турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на „Твитер“ и со тоа го прекршила законот според кој досега се гонети десетици илјади луѓе, јави турскиот „Си-Ен-Ен“.

Полицијата ја привела Кабас два часа по полноќ и прво ја одвела во главната полициска станица во Истанбул, а потоа ја префрлила во градската судница, каде судот нареди апсење.

Наводната навреда се однесува на коментар во врска со кабинетот на претседателот, кој Кабас го дала на телевизиски канал и на нејзиниот Твитер профил, за што таа беше осудена од некои владини претставници.

„Честа на претседателскиот кабинет е чест за нашата земја. Ги осудувам вулгарните навреди насочени кон нашиот претседател и неговиот кабинет“, напиша на Твитер директорот за комуникации на турската Влада, Фахретин Алтун, .

Мердан Јанардаг, главниот уредник на каналот „Теле 1“, на кој Кабас го коментираше кабинетот на претседателот, остро го осуди нејзиното апсење.

Нејзиното апсење во два часот по полноќ поради коментари е неприфатливо, напиша тој на Твитер, додавајќи дека тоа е „обид да се заплашат новинарите, медиумите и општеството“.

Турскиот закон за навреда на претседателот предвидува затворска казна од една до четири години.

Во октомври минатата година, Европскиот суд за човекови права ја повика Турција да го промени законот кој ќе ја наруши слободата на изразување.

Илјадници беа обвинети и осудени за навреда на Ердоган во последните седум години откако тој ја смени премиерската фотелја.

Откако Ердоган стана претседател во 2014 година, започнати се 160.169 истраги за навреда на претседателот, отворени се 35.507 случаи, а 12.881 завршиле со осудителна пресуда.

23.01.2022 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа