Природата стана дива: Силен ураган ја погоди Грција и однесе два животи- ретка појава на Медитеранот
Медитеранскиот ураган Јанос, кој денеска го погоди централниот дел на Грција однесе два живота, но исто така предизвика огромни материјални штети и предизвика поплави.
Според Ројтерс, безживотното тело на постара жена е пронајдено во поплавена куќа во село во близина на градот Фарсала, а подоцна телото на 63-годишен маж е пронајдено недалеку од болницата во градот Кардица, но не е јасно дали тој е едно од двете лица кои претходно беа пријавени за исчезнати.
Во поплавената Кардица се сруши мост, а невремето денес го достигна поширокото подрачје на Атина, но засега нема извештаи за штети.
Жезничките линии помеѓу Атина и Солун се привремено прекинати.
Ураганот Јанош вчера го погоди западниот брег на Грција, соборувајќи дрвја и предизвикувајќи поплави и прекини на електричната енергија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа