Принцот Вилијам им порача на милијардерите: Наместо да патувате во вселената, спасете ја Земјата

Би Би Си денес го објави интервјуто со принцот Вилијам, а една од темата која привлече големо внимание е пораката која им ја испратил на милијардерите кои неодамна отпатуваа во вселената.

Војводата од Кембриџ рекол дека големите умови треба да размислат за тоа како да се решат проблемите на планетата Земја, наместо да патуваат во вселената обидувајќи се да најдат друго место на кое би можело да се живее.

"Клучно е да се фокусираме на оваа планета, а не да се откажеме и да патуваме во вселената за да го најдеме решението за иднината", искоментирал принцот Вилијам.

Додал дека младите сѐ повеќе стравуваат од климатската криза и дека нивната иднина е загрозена поради големите промени со кои се соочуваме. Повикал јавноста да размисли за климатските промени и за тоа што им се остава на наредните генерации.

 

14.10.2021 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега