При упадот во Конгресот украден лаптопот на Ненси Пелоси: Сакала да го продаде во Русија- ФБИ поведе истрага

ФБИ истражува извештај дека една жена можеби украла лаптоп од канцеларијата на Претседателот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, при неодамнешниот упад во зградата на Конгресот, со цел да го продаде на Русија.

Против моментално неименуваната жена е поднесена кривична пријава, пренесува Си-Ен-Ен. Се наведува, сепак, дека станува збор за 22-годишната Рајли Џун Вилијамс од Пенсилванија, која е обвинет за влегување во зградата за време на опсадата на Конгресот и за кражба на лаптопот на Пелоси.

Наводниот сведок им рекол на истражителите дека пријателите на Вилијамс објавиле видео на кое се гледа како таа го краде уредот и му рекле дека има намера да го испрати компјутерскиот уред на пријател во Русија, кој потоа планирал да го продаде на руската странска разузнавачка служба. Сепак, според сведокот, планот пропаднал од непознати причини и Вилијамс или сè уште го има уредот или го уништила.

Како што се наведува, целиот случај е сè уште под истрага, а Вилијамс сè уште не е уапсена, бидејќи наводно избегала од дома и ги избришала сите социјални мрежи што ги користела.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега