Претрес во Делчево- пронајдени марихуана, муниција и пиротехнички средства

 

При претрес во домот на делчевец  полицијата пронашла марихуана, муниција И пиротехнички средства

„На 20.09.2020, по претходно преземени мерки и активности, а поради постоење основи на сомнение за кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Делчево, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на А.К.(43) во Делчево“ информираат од полиција.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, пиротехнички средства, малокалибарска муниција и др. По документирање на случајот против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега