Премиерот бара доверба од Собранието на денот кога Македонија се задолжува со нови 700 милиони евра

На денот кога премиерот побара гласање за доверба на Владата Македонија се задолжува со нови 700 милиони евра. Како што веќе објавија медиумите станува збор за новата еврообврзница која ќе ја издаде земјава и со која практично секој граѓанин се задолжува со по 350 евра.
-Со ова вкупниот долг ќе достигне 7 милијарди евра, од кои речиси 3 милијарди евра се задолжени во последните 4 години. Владата вели дека кризата поминала, а од друга страна, се задолжува без усул. Доколку економијата е стабилна и кризата е помината, тогаш зошто ќе зема нови 700 милиони евра ако не само за поткуп пред избори, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека Зоран Заев треба да ѝ објасни на македонската јавност каде потрошил две милијарди евра за кои се задолжи во изминатата година, како и каде ќе ги потроши овие 700 милиони евра.

-Заев мора да знае дека по промената на власта, ќе има детаљна истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години. Одговорност ќе има, потенцираат опозиционерите.

Треба да се напомене дека поголемиот дел од овие пари ќе оди за раздолжување на обврзницата земена во 2014 година тешка 500 милиони евра, што значи дека нето задолжувањето ќе биде некаде околу 200 милиони евра.


 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега