Прегазен пешак во Куманово

Пешак се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил во Куманоов.

„Вчера во 18:35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „форд фокус“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот Е.Љ. од Куманово, удрило во 87-годишниот пешак Ф.Љ. од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

15.10.2021 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа