Пред една година прележав Ковид и се уште не ми се врати чувството за вкус
Актерот Брајан Кренстон и неговата сопруга Робин Деарден се заразија со коронавирус минатиот март, и иако тој тогаш тврдеше дека „имале многу среќа што ја поминале болеста со благи симптоми“, тие сè уште ги чувствуваат последиците.
„Се врати до одреден степен, но не и 100 проценти“, рече 65-годишниот Брајан, ѕвезда на ТВ-серијата „На лош пат“ (Breaking Bad).
Двојката се зарази речиси во исто време кога и нивните пријатели Том Хенкс и Рита Вилсон објавија дека се позитивни на вирусот. Брајан смета дека е добро што неговиот пријател Том бил подготвен отворено да зборува за своето искуство.
Во интервју за магазинот „Телеграф“, тој рече: „Том се зарази пред мене. Кога јавно проговори за тоа, си помислив дека тоа е добро за општеството:„ Ако еден богат и славен човек можел да се зарази, тоа може да ми се случи и мене и на било кој друг.“
Губењето на чувството за мирис и вкус, познато како аносмија, кај некои луѓе заразени со Ковид-19 е еден од најчестите симптоми, но некои студии откриваат дека тие симптоми не секогаш се губат по закрепнувањето.
Според најнова студија, речиси 90% од луѓето кои го изгубиле осетот за мирис и вкус како последица на коронавирусот целосно или барем делумно си го повратиле по еден месец, но околу 10% од нив никогаш не го добиле назад.
Професорката Клер Хопкинс, претседател на британското здружение за ринологија и една од истражувачите на долгорочни последици на Ковид-19, вели дека„на луѓето кои побрзо закрепнуваат веројатно им биле заразени само клетките во внатрешноста на носот. Луѓето кои побавно закрепнуваат, пак, веројатно вирусот им навлегол и во нервите кои се одговорни за мирис. Затоа им треба подолго време за да се регенерираат“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа