Пожар во близина на манастир на Света Гора (ВИДЕО)
На Света Гора избувна пожар во близина на манастирот Пантократор, но манастирот не е загрозен.
Пожарот, кој избувна во 11:45 часот по локално време, избувна во маслинови градини од непозната причина и се гасне од земја и од воздух од силна противпожарна единица, пренесува АНА.
Како што се наведува, гасењето на пожарот го спречува силниот ветар што дува во таа област.
Во гаснењето на пожарот учествуваат и два канадери.
Макфакс
07.04.2021 - 15:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа