Португалија се надева на прва меѓувладина конференција на Софија- Скопје до јули

Португалската државна секретарка задолжена за ЕУ, Ана Паула Закариаш, порача дека нејзината земја која претседава со ЕУ до први јули годинава се надева дека ќе се деблокира спорот со Софија и ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција со  Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Закариаш за МИА порача дека проширувањето на ЕУ е приоритет за португалското претседателство, што започна на први јануари и трае до триесетти јуни оваа година.

Таа додаде дека во тек се контакти со двете страни – Скопје и Софија – за изнаоѓање на решение за билатералниот спор кој го кочи отворањето на преговорите со ЕУ.

-Започнавме со политички контакти со Бугарија и Република Северна Македонија за да успееме да изнајдеме пат кон отворање на процесот, и за време на нашето претседавање да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, но и со Албанија, изјави Закариаш денеска во Брисел.

Државната секретарка на Португалија додаде дека во овој момент се потребни дополнителни политички разговори помеѓу двете страни и увери дека Лисабон тоа ќе го прави во дух на доверба

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега