Поранешниот тренер на Ѓоковиќ: Новак е тажен се повлече во себе

Поминаа четири дена откако Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од УС Опен откако со топка удри линиски судија и добро е што добива поддршка од сите страни.

Таква доаѓе и од неговиот голем пријател и поранешен тренер Радек Степанек.

„Знам дека тој е многу тажен и потресен. Тој страда затоа што тоа го стори тоа без намера и тој факт само ја засилува болката“, изјави Радек Степанек за Си-Ен-Ен, додавајќи дека Новак „се повлекол во себе“.

„Тешко му е затоа што знаеме колку е гладен за трофеи и тој има желба да стане човекот со најмногу освоени Гренд слемови. Сигурен сум дека знаеше – дека сите знаевме – дека овој во турнир Њујорк му беше на дофат на раката. Сите тие околности го прават уште потажно, бидејќи и самиот знае дека тоа што го стори е погрешно“, потенцира поранешниот чешки тенисер.

Нема кој не го коментираше однесувањето на Србинот, а за жал имаше и повеќе негативни коментари, иако тоа беше потполна случајност.

„Очигледно дека има голем притисок врз Новак и со текот на времето тој беше пренатрупан од критики. Тешко му е. Се обидува да биде што е можно подобар. Може да стане најголемиот тенисер на сите времиња до крајот на својата кариера. Но, сите ние сме луѓе. И имаме право да правиме грешки“, заклучи тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2020 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа