Поранешна судијка е осомничена за убиството на претседателот на Хаити

Полицијата на Хаити објави дека меѓу осомничените за убиството на претседателот Жовнел Моиз е поранешната судијка од Врховниот суд Вендел Кок Тело, за која тврдат дека се сретнала со колумбиски платеници кои го ликвидирале.

Во извештајот на Ројтерс се наведува дека властите издале налог за апсење на судијката Вендел Кок Тело, кој била отстранета во февруари оваа година кога Моиз објавил дека е планиран државен удар против него, но засега не е познато каде е сега обвинетата.

Колумбиските платеници и двајца Американци од Хаити, кои биле уапсени по убиството на Моиз на 7 јули, признале дека се сретнале со судијката Кок Тело.

31.07.2021 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа