Поранешна сопруга на фудбалер: Имам 52 години и сакам да се шетам гола (ФОТО)

Поранешна сопруга на фудбалер, а денес инфлуенсерка Лизи Канди (52) сака да се шета гола кога е сама дома.

Во интервју за Фаб Дејли, таа рече дека се чувствува послободно колку што старее.

"Сега имам 52 години и се чувствувам навистина секси. Ми се допаѓа да сум гола и да ги работам домашните работи без облека. Мислам дека е во ред. Родени сме голи и сите имаме исти делови на телото. Сигурна сум дека поштарот се шокира кога ме виде", се пошегува таа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lizzie Cundy (@lizziecundy)

За време на пандемијата, таа објавила бројни разголени фотографии од домашна атмосфера, а на некои со маски ги покрива интимните делови од телото. На други, ја коси тревата во фустан и потпетици и ги фарба sидовите во костим за капење. Како што вели, со вакви фотографии сака да им донесе насмевка на лицата на луѓето.

"Важно е да бидете сигурни во себе, и да бидам искрена, никогаш не сум изгледала подобро, па зошто да не го покажам тоа. Кога имав 20 години, не мислев дека ќе бидам гола цело време, но самодовербата доаѓа со возраста. Сите сме со различни форми и големини, ајде да одиме да го прославиме тоа “, рече таа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lizzie Cundy (@lizziecundy)

Таа додаде дека нејзината самодоверба ја подобрила состојбата во спалната соба.

Нејзините синови, 19-годишниот Џејмс и 25-годишниот Џош, кои сè уште живеат со неа, не се толку среќни што нивната мајка често се соблекува гола.

"Знам дека тие понекогаш си ја покриваат главата кога ќе видат што сум објавила. Понекогаш ми велат дека нема веќе да ме фотографираат за Инстаграм. Но, тие не ми велат да престанам, знаат дека тоа е мојата смисла за хумор", додаде таа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lizzie Cundy (@lizziecundy)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2020 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега