Поплави и одрони во Црноморскиот регион во Турција
Обилните врнежи од дожд во регионот на Црното Море во Турција предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а едно лице загина во северната турска провинција Самсун, изјави денеска министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
-Неколку патишта беа затворени поради лизгање на земјиштето, додаде тој.
Во провинцијата Болу е затрупан излезот од тунелот. На снимка се гледаат багери кои се обидуваат да го исчистат патот. Метеоролошката служба предупреди и на ново невреме во Црноморскиот регион.
Црноморскиот регион е постојано изложен на големи поплави.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека екстремните временски услови се последица на климатската криза.
-За жал, како и остатокот од светот, нашата земја се повеќе ги чувствува проблемите предизвикани од климатските промени, рече Ердоган во Истанбул.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа