Помалку се купувало храна, а повеќе автомобилски горива

 

Прометот во трговијата на мало со автомобилски горива, во јуни годинава, во споредба со истиот месец лани, номинално е зголемен за 70.2%, а реално за 6.9%, соопшти Државниот завод за статистика.

Во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, пак, прометот е номинално зголемен за 12.2%, но реално е намален за 4.7%,

Во трговија на мало, освен трговија со горива, прометот е номинално зголемен за 7.4%, а реално е намален за 3.8% и во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, прометот е номинално зголемен за 2.8%, а реално намален за 2.7%.

29.07.2022 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега