Полицијата казнила 122 возачи во Скопје- најбројни казните за паркирање

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 122 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, осум за возење повеќе од дозволената брзина, три мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за неприписно престројување на возила, 30 за непрописно паркирање. Ова стои во последниот билтен за акциските контроли кои ги спроведува полицијата. 

 

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од МВР.

07.12.2021 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега