Полицијата изврши претрес во дом во Драчево - уапсен дилер на кокаин

Дилер на кокаин од Скопје бил уапсен вчера откако полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом.

„Вчера во околу 13:00, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија од СВР Скопје во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР извршија претрес во домот на М.В.(29) од Драчево, Скопје. При претресот, биле пронајдени и одземени кокаин, 30 куршуми калибар 9мм., семки од растението Канабис Сатива, марихуана и вага. 

Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа