Поднесено обвинение против Беливук и 30 лица- познато колкава казна се бара за Беливук и Миjковиќ

Против Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и 29 други лица припадници на нивната екипа, денеска Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение, јавуваат српските медиуми.

 

Во обвинението, обвинителот бара обвинетите Беливук и Миjковиќ да бидат строго казнети и предложи доживотен затвор.

Повеќе од 320 страни со докази и останато обвинение се испратени во судот на потврдување, пренесуваат медиумите.

Во овој момент криминалната екипа е обвинета за пет убиства, нелегално поседување и дистрибуција на оружје и наркотици, киднапирање и силување.

 

Претходно, полицијата откри ДНК примероци во викендица во Ритопек во машина за мелење месо. Се работи за лица кои се водат за исчезнати, а за кои оправдано постои сомнеж дека се убиени од припадниците на кланот на Беливук.

30.07.2021 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега