Подгответе се за сончев викенд

Утре наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната од 12 до 19 степени, информира УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури. Утринските температури уште утре на повеќе места ќе биде негативна и под просекот за овој период од годината, а потоа и тие ќе се покачуваат.

Од вторник ќе има повеќе облачност, понестабилно време со појава на повремен врнежи од дожд.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа