Починале две лица откако ја примиле вакцината на „АстраЗенека“- Јужна Кореја го истражува случајот

Јужнокорејските власти испитуваат смрт на две лица, обајцата со коморбидитети, кои починале во деновите по приемот на вакцината на „АстраЗенека“.

Еден човек починал од труење на крвта, другиот од срцев удар

63-годишен штитеник на старечки дом со цереброваскуларна болест развил симптоми, вклучувајќи висока температура, откако ја примил вакцината четири дена претходно, објави директорот на Корејската агенција за контрола и превенција (КДЦА), Jeонг Еун-Кјонг.

Мажот вчера бил префрлен во поголема болница, но починал по труење на крвта и пневмонија, пренесува новинската агенција „Yonhap“. Друг пациент имал педесетина години, срцев пациент со дијабетес и починал денес бидејќи претрпел повеќекратен срцев удар откако ја примил вакцината, соопшти агенцијата.

„КДЦА“ ги истражува причините за смртта, но не потврди каузална врска со вакцината. Агенцијата претходно соопшти дека ќе плати компензација поголема од 430 милиони вони за смртни случаи од вакцини.

– „КДЦА“ спроведува епидемиолошки истражувања со релевантни локални власти за да потврди каква било врска со вакцинацијата – рече Еун-Кјонг.

Портпаролката на „АстраЗенека“ во Сеул не даде коментар во врска со овие случаи.

Повеќе од 90.000 заразени

Еун-Кјонг рече дека нема смртни случаи при примањето на вакцините на „АстраЗенека“ или „Фајзер/БиоНТек“. Сепак, тој ги повика луѓето да се вакцинираат доколку се во добра здравствена состојба.

Во вакцинираната група, 207 имале реакции, вклучувајќи три случаи на сериозна алергиска реакција, позната како анафилакса.

Јужна Кореја минатата недела започна да го вакцинира своето население. Вчера до полноќ, првата доза на вакцината на „АстраЗенека“ ја примиле 85.904 лица, а 1.524 од нив ја примиле на „Фајзер“.

Во земјата има 444 новоинфицирани лица, што значи дека Јужна Кореја има вкупно 90.816 заразени и 1.612 мртви.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега