Почина бремена жена во Србија, семејство слета во кањон длабок 100 метри

 

Автомобил со тричлено семејство – маж, неговата бремена сопруга и четиригодишно дете слета во кањонот на реката Ибар, во близина на селото Батраге, Србија.

Во несреќата која се случила околу 19 часот и 30 минути загинала трудница, додека нејзиниот сопруг и детето биле спасени од кањонот длабок 100 метри. Станува збор за црногорски државјани.

Спасувачките служби брзо реагирале спуштајќи се по кањонот од кој прво го извлекле четиригодишното дете.

Еуроњуз Србија јавува дека се присутни голем број спасувачки екипи, полиција и служби за итни случаи.

Се уште не е познато како дошло до несреќата.

22.12.2023 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега