По смртта на принцот Филип се огласи и кралицата Елизабета: „Голема тага“

Принцот Филип и сопругот на кралицата Елизабета Втора почина, објавија медиумите, по што се огласи и кралицата Елизабета .

- Со длабока тага, нејзиното височество кралицата ја објавува смртта на својот сакан сопруг, неговото кралско височество принцот Филип, војводата од Единбург - пишува во соопштението.

За потсетување, Филип (99) беше примен во болница на 16 февруари поради здравствени проблеми.

Портпаролот на кралското семејство неодамна изјави дека принцот е во болница во Лондон, бидејќи не се чувствува добро. Принцот беше подложен на операција на срцето, неколку недели престојуваше во болница, после што беше пуштен на домашно лекување. На почетокот на јануари, тој и кралицата Елизабета Втора беа вакцинирани против коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа