По Даниел Крејг, познато кој актер ќе го облече оделото на популарниот агент 007

Том Харди би можел да биде новиот Џејмс Бонд и да влезе во елегантното одело на агентот 007 по Даниел Крејг.

43-годишниот глумец е еден од омилените избори на фановите за улогата на култниот агент, а како што пренесуваат странските медиуми, наводно е во преговори да ја преземе улогата на славниот агент.

Харди е најпознат по соработката со режисерот Кристофер Нолан и по улогите во филмовите: „Mad Max: Fury Road“,„The Dark Knight Rises“, „Inception“, „Venom“…

„No Time to Die“, петтиот и последен филм од франшизата за Џејмс Бонд во кој глуми Даниел Крејг, се планира да има премиера кон средината на ноември.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега