Пијан и дрогиран удрил во велосипедист во Маџари и го оставил да умре

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

За двете дела кривичниот законик има предвидено високи затворски казни, за првото е минимум 4 години затвор додека за второто е помеѓу 3 месеци и 5 години затвор.

На 4 декември, осомничениот 25-годишник, управувал со автомобилот Форд фокус на неговиот татко, без да поседува важечка возачка дозвола, под дејство на алкохол од 1,65 промили и со присуство на тетрахидроканабинол во крвта и урината.

На крстосница на улицата „Маџари“ со улицата „Палмиро Тољати“ не почитувал поставени знаци за пат со првенство на минување, а брзината на движење не ја приспособил кон состојбата и условите на патот и кон густината на сообраќајот. Свесен дека поради ова може да настапи штетна последица, се согласил со нејзиното настапување, па со возилото со кое управувал удрил во задниот дел на велосипед марка „РОГ“, управувано од едно оштетено лице.

По несреќата, наместо да укаже помош, осомничениот веднаш го напуштил местото. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и очевидците на несреќата, како и оправдан страв дека тој би можел да го повтори кривичното дело.​

06.12.2021 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега