Петрески: Добра вест за штедачите е дека растат каматите на депозитите

 

Во светски рамки финансиските услови се затегнуваат и ќе се затегнуваат, што стана јасно уште од март-април годинава. Клучната работа е, централните банки да проценат каде се наоѓа балансот помеѓу растот кој не беше доволно опоравен од пандемијата и смирувањето на инфлациските очекувања и инфлацијата во среднорочна перспектива, вели во интервју за „Локално“, универзитетскиот професор Марјан Петрески. 

Тој истакнува дека растот на основната камата е добра вест за имателите на депозитите, бидејќи од растат каматите на штедните влогови. Од друга страна, кај кредитите кои се склучени со варијабилни каматни стапки и новоодобрените кредити, бидејќи од април наваму растот на основната камата се одвиваше постепено, зголемувањето не беше нагло и е релативно мало. Не е за очекување дека поради вакви благи и постепени придвижувања би се зголемиле нефункционалните кредити, но може да забави кредитниот раст. 

-Народната банка, како и повеќето централни банки, изврши нагорна корекција на референтната каматна стапка на благајничките записи во 4 наврати, со што моменталната стапка е 2.5%, со тоа упатувајќи јасен сигнал дека ефикасно ја извршува и ќе ја извршува својата стабилизирачка улога во економијата, иако инфлацијата е скоро целосно увезена. Оттука, за очекување е оваа зголемена референтна стапка да се одрази и врз другите каматни стапки во финансискиот систем, како што се каматните стапки на кредитите и депозитите. Тоа секако е поволна вест за имателите на депозити, а обратно за имателите на кредити. Меѓутоа, како што гледаме од април наваму, зголемувањето не беше нагло и е релативно мало, и секако кај кредитите кои се склучени со варијабилни каматни стапки и новоодобрените кредити – вели Петрески. 

25.07.2022 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега