Пендаровски се сретна со претставници на граѓански организации во Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на граѓански организации кои се дел од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.
На средбата претставниците на граѓанските организации го информираа претседателот Пендаровски за работата на советот, како и нивните видувања за подобрување на соработката и дијалогот на граѓанскиот сектор со Владата.
Претседателот Пендаровски изрази поддршка за непречена работа на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, истакнувајќи ја важноста на невладиниот сектор во развојот на демократското општество, како и очекувањето невладиниот сектор да даде свој активен придонес во пристапниот процес кон Европската Унија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа