Пендаровски до волонтерите: Вие сте пример како треба да бидеме солидарни и да помагаме

Претседателот Стево Пендаровски по повод одбележувањето на 5 Декември – Меѓународниот ден на волонтерството, денеска онлајн разговараше со волонтери од различни региони и организации од Република Северна Македонија.

Во разговорот учествуваа волонтери од Црвениот крст, УНИЦЕФ, Сојузот на извидници на Македонија, Здружението САНО, како и студенти од Медицинскиот факултет и доктори волонтери кои помагаат во борбата против Ковид-19.

Претседателот Пендаровски истакнал дека високо го цени нивниот севкупен волонтерски ангажман и нивната улога во поддршка на заедницата и ги охрабрил волонтерите да продолжат со своите активности.

– Вие сте пример како треба да бидеме солидарни и да помагаме. Имаме многу што да научиме од вас.Со вашиот доброволен придонес покажавте како може позитивно да се промени животот на луѓето околу вас и особено на оние на кои им е најпотребна помош, им порачал Пендаровски на волонтерите, изразувајќи благодарност за сето време кое го одвојуваат да помагаат и придонесуваат за добросостојбата на нашето општество.

Волонтерите ги споделиле своите искуства, потреби и предизвици со кои се соочуваат во ситуации на кризи, особено за време на пандемијата и ја истакнале потребата за подигање на јавната свест и поддршка на волонтерството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2020 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа