Патиштата се безбедни: Отстранети одроните за безбеден сообраќај на магистралата А3

Отстранета опасноста на коловозот од Регионалниот пат Делчево – М.Каменица кој како дел од магистралата А3 од утрово беше зафатен од појава на одрони на повеќе локации.

Од „Македонија пат” кои благовремено интервенираа информираа дека поради дождот и понатаму можна е слична појава поради што апелираа до возачите да ја прилагодат брзината согласно условите  на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.
 
Во изминатите 24 часа сообраќајот долж магистралата А3 се одвиваше по влажни коловози.
15.10.2021 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега