Парис Хилтон: Јас всушност сум многу интелигентна, само се правам глупа

Парис Хилтон, која освен по тоа што е богата наследничка, е позната и по улоги во неколку филмови во кои главно глуми „глупави русокоси3, откри дека цело време се преправала оти е таква.

-Сето ова време јас глумев дека нешто што во вистинскиот живот не сум и луѓето никогаш немале прилика да ме запознаат. Јас  сум всушност сум многу интелигентна и воопшто не сум глупава. Само сум многу добра во преправањето, рече Хилтон

На прашањето зошто дури сега одлучила пред светот да го претстави вистинското „јас“ одговори оти почувствувала дека е вистински момент за такво нешто.

-Поминав многу и сакам да ги разбијам предрасудите кои настанаа за мене. Исто така ми е важно луѓето да ме паметат поради тоа што го постигнав. Сакам да ме паметат како успешна бизнис жена, а некако некоја „глупача“, рече таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа