Паника во Загреб: Дојави за бомби пристигнале на 39 мејлови, полицијата пребарува згради низ градот
На 30 мејлови, меѓу кои и во неколку редакции, стигнала грозоморна порака во која се наведени локациите на кои биле поставени бомби во загреб пренесуаваат медиумите.
„Поставуваме темпирани бомби со тајмер“, се вели меѓу другото во напишаното.
Тие велат дека се темпирани да експлодираат во петок попладне.
Покрај во некои медиуми се наведува дека експлозивна направа е поставена и на кривината на трамвајот во Дубрава, во Земјоделското училиште, во хотел и во полициската станица во Дубрава.
Од загрепското јавно обвинителство велат дека откако дознале веќе извршиле увид на пет локации и било утврдено дека пријавите се лажни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа