Пандов: Заев ја претвори Македонија во тезга - продава идентитет, јазик и историја
Предавничката политика на Зоран Заев и на Никола Димитров донесе до тоа да имаме денеска тезга во Македонија. Цела Македонија е направена тезга на која што македонската историја, македонскиот јазик, македонскиот идентитет чинат по едно евро.
Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.
-Од тука го повикуваме македонскиот народ и сте останати македонски граѓани да бидат будни затоа што во наредните денови очекуваме дека Зоран Заев е подготвен да потпишува како неговиот министер сега за надворешни работи Османи, го нарекува некој патоказ. Тоа ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа и од тука ги повикуваме македонските граѓани да бидеме сплотени и обединети. Само на тој начин можеме да се спротивставиме на оваа штетна и зла политика која што за жал се плашиме дека може да не доведе да го изгубиме не само македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот идентитет туку да ја изгубиме македонската историја, рече Пандов барајќи оставка од Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа