Овој остров ќе им дава на туристите по 200 евра: Единствен услов е да останат најмалку три дена таму

Со желба да ја оживее својата туристичка индустрија, Малта планира да им понуди на странските посетители и до 200 евра.

Тоа, секако под улосв, да останат најмалку три дена на медитеранскиот остров ова лето, изјави министерот за туризам Клејтон Бартоло.

Бартоло рекол дека кога повеќе антипандемиски мерки ќе бидат укинати, на туристите кои ќе го резервираат летниот одмор директно преку локалните хотели ќе добијат пари на подарок, пренесува Ројтерс.

Бартоло рекол дека туристите кои ќе резервираат сметување во хотел со 5 ѕвездички ќе добијат 100 евра од туристичката управа во Малта, а хотелот ќе им даде уште 100.

Во сличен аранжман тие кои ќе се одлучат за хотел со 4 ѕвезди ќе добијат вкупно 150 евра, а оние кои ќе резервираат во хотел со 3 ѕвезди ќе добијат 100 евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2021 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа