Отец Пимен: Како да го разберам претседателот што ќе оди на Мечкин камен на кафе наместо на чествување на непокорот?

Отец Пимен на својот Фејсбук профил изреагира на одлуката на македонскиот претседател Стево Пендаровски, денеска на Мечкин камен по повод големиот празник Илинден, да не држи говор, туку да организира поинаква прослава од досегашната традиција со лидерите на политичките партии, премиерот и претседателот на Собранието.

„Ај да го разберам светот како поле за културен натпревар, ама како да го разберам претседателот шо ќе оди на Мечкин камен на кафе наместо на чествување на непокорот?

За мир во куќа, немир во душата на секој Македонец не е опција“, пишува тој.

02.08.2021 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа