Осумдесет милиони денари од Владата за обесштетување на граѓаните погодени од невремето лани во Долна Преспа

Од Буџетот на Република Македонија, трансферирани се скоро 80 милиони денари на општина Ресен, за обесштетување на граѓаните погодени од невремето во 2019 година во Долна Преспа, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.

Нагласи дека Општина Ресен, во законскиот рок од еден месец ќе го изврши обесштетувањето на граѓаните.

-Во знак на благодарност поради залагањата на премиерот на Владата на Република Македонија, на вчерашната средба му доделив плакета „Преспански јаболкобер 2020“, истакна Гошаревски.

Градоначалникот на Ресен додаде дека оваа мерка на Владата претставува вистинска поддршка и помош за земјоделците, кои и покрај големиот труд и напори не успеаа да го соберат родот на преспанско јаболко, од кое производство зависи развојот и економскиот раст на Ресен и Преспа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2020 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега