Осум деца се затруле со хлор во Требиње: Сите примени во болница, едно дете на интензивна нега

 

 

Осум деца се примени во болницата во Требиње, Босна и Херцеговина, поради знаци на труење со хлор.

Според информациите кои ги пренесе локалната АТВ, сите деца престојувале во туристичкиот комплекс „Град сунца“.

Седум деца се хоспитализирани на Одделот за педијатрија, а едно е сместено на интензивна нега. Нивната состојба е стабилна.

„Сите имаат знаци на труење со инхалационен агенс. Со оглед на брзината на развој на клиничката слика и симптомите, едно е на Интензивна“, изјави Љиљана Буха, началник на Одделот за педијатрија во болницата во Требиње.

Симптомите кои ги покажале биле кашлање, намален кислород и нарушена свест.

12.07.2023 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега