Османи за членството на Шведска во НАТО: Косово е следно
Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека договорот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за ратификување на членството на Шведска во НАТО е одлична вест.
Османи на Твитер изјави дека следни во редот за членство во НАТО се Косово, Украина и Босна и Херцеговина.
„Одлични вести. На ред се Косово, Украина и Босна и Херцеговина да влезат во НАТО, за посилна Алијанса и побезбедна и постабилна Европа“, нагласи Османи.
Excellent news!
Next up: Kosovo, Ukraine and Bosnia & Hercegovina in NATO, for a stronger Alliance & a safer and more secure Europe! https://t.co/QRFyvhiWxj— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) July 10, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа