Османи: Србија треба да одговара, во спротивно може да се повторат терористичките акции
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, се сретна со амбасадорите на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Европската Унија, со цел да разговараат за актуелната состојба на северот на Косово, јавуваат косовските медиуми.
Како што се наведува во соопштението, Османи на средбата им се заблагодарила за солидарноста на амбасадорите и изразила сочувство за убиството на косовскиот полицаец.
Османи ја истакнала важноста од блиската соработка со земјите сојузници.
„Косово е решено да продолжи да промовира мир и стабилност во регионот, како и да работи со локалната српска заедница за да ги доближи и да ги интегрира во општеството и институциите на Косово“, нагласи Османи.
Таа најави дека институциите на Косово се посветени на постигнување и одржување на мирот и стабилноста.
„Србија треба да одговора за своите постапки против Косово, јасно ставајќи до знаење дека треба да престане да финансира, поддржува и турка криминални групи за терористички акции.Ако не сепреземат такви мерки може да имаме повторување на терористичките акции“, рече Османи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа