Османи: Бугарските здруженија веднаш треба да побараат графа во рамките на пописот

 

Денеска македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, случајно или намерно, на неговиот официјален фејсбук профил порача дека никој не смее да загрозува правата на бугарската заедница во земјава. 

 

Тој вели дека земјава има успешен модел на мултиетничко општество и дека никој не треба да ги загрозува правата на бугарската заедница.

„Уште веднаш, претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа засебна заедница, што би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата, и на соодветните единици на локалната самоуправа и воопшто на државата.“ - изјави Бујар Османи министер за надворешни работи.

Од Владата не го коментираат ставот на Османи туку само велат дека на ниту еден граѓанин не му е ускратено правото да се декларира како што сака.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа