Охридскиот суд пресуди: Нефи Усеини не е виновен за тепањето на Спиро Топалоски

 

Судијката од охридскиот суд, Билјана Белевска–Пројковска, денеска ги ослободи од обвинение советникот од ДУИ во Советот на Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат Ибро, кои беа обвинети за напад врз нивниот сограѓанин Спиро Топалоски пред две години, објави „А1он“.

 

Топалоски прво ги обвини браќата дека го нападнале, а потоа се премисли и даде спротивен исказ.

Иако постојат видеоснимки на кои јасно се гледа како и од кого е тепан Топалоски, тој останал на исказот дека повредите не му ги нанел Усеини, туку непознато лице кое го удрило од зад грб, спротивно на она што првично го кажа во Обвинителството.

Нефи Усеини е контроверзен охридски бизнисмен и прв човек на локалниот огранок на ДУИ, чие име беше поврзано со низа скандали и инциденти.

27.06.2022 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега