Официјална Софија призна: Споменикот на бугарските војници не е оштетен

Бугарското министерство за надворешни работи вечерва соопшти дека споменикот за кој се крена голема врева во Бугарија е во добра состојба и нема никакви општетувања.

За само два дена официјална Софија даде два различни става дека наводно бил осквернавен споменик на бугарските војници од Првата светска војна кај кавадаречко Дреново.

Бугарското МНР објави дека споменикот не спаѓа по никаков режим на заштита или е дел од културното наследство, но и покрај тоа е во добра состојба без оштетувања.

-Споменикот е надвор од местото каде што се изведуваа градежните работи на патната инфраструктура во областа и инспекцијата откри дека не е предизвикана штета. Привремената ограда, која ја дели од санацијата на патот, ќе биде заменета со постојана. Планирано е просторот помеѓу споменикот и патот да биде 4 метри. Околу овој споменик нема гробишта и нема докази дека ги имало. Со направените проверки, Министерството за надворешни работи сака да ги отфрли сите обвинувања и да апелира да не се вршат такви провокации, кои ги влошуваат билатералните добрососедски односи, додаваат од бугарското министерство.

15.10.2021 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега