Одобрени проектите за брз автобуски превоз во Скопје и за реконструкција на Универзалната сала

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“.

– Проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“ опфаќа воспоставување на две линии за брз автобуски превоз со коридори кои се резервирани само за автобусите, со цел подобрување на квалитетот на превозните услуги на патниците во правец „исток – центар – запад“ и „југ – центар- север“, намалување на  времетраењето на превозот на патниците, подобар пристап и користење на превозните услуги и за намалување на загадувањето на воздухот, соопшти владината Прес-служба.

Владата на седницата донесе и Одлука за одобрување на средства од Буџетот за 2020 година, со која се издвојуваат 120.000.000 денари за Град Скопје, како неповратна финансиска помош за реконструкција на Универзална сала – Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2020 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа